Фудбалот е спорт кој ги надминува “родовите разлики”, така што 70% од женските испитаници во истражувањето на Нилсен велат дека ФИФА Светското првенство за мажи е “исклучително привлечно”
Фудбалот е спорт кој несомнено има масовна популарност помеѓу навивачите од целиот свет. Всушност, повеќе од 40% од луѓето над 16 години во места со голема популација ширум светот велат дека се “заинтересирани” или “многу заинтересирани” за фудбал, што е повеќе отколку за било кој друг спорт, открива Нилсен во своето истражување.
Додека другите земји ширум светот се натпреваруваа на Светското првенство во Русија, Nielsen Sports напорно работеше на истражување кое покажува дека популарноста на овој спорт е во пораст во САД, Индија и Кина.
Иако интересот за фудбалот е послаб во САД отколку во повеќето земји, во моментов таа изнесува 32% во оваа земја, што претставува зголемување од 28% од пред четири години. Учеството на младите, зголемување на латино популацијата во САД, растот на популарноста на МЛС (Major League Soccer) и популарноста на ФИФА видео игрите, имале влијание врз растот на популарноста на фудбалот во САД во последниве години.
А каде овој спорт е најпопуларен? Кога ќе се погледнат земјите со најголем процент на фудбалски фанови, на врвот на листата се Обединетите Арапски Емирати, каде што 80% од населението се фанови на спорт, а следат Тајланд, Чиле и Португалија.
Се разбира, фудбалот е исклучително популарен низ цела Европа, каде што има 131 милиони фанови на петте најголеми европски пазари (Шпанија, Италија, Германија, Велика Британија и Франција). Кога станува збор за земјата домаќин на овогодинешното Светско првенство, Русија, повеќе од половина (52%) од населението се фудбалски фанови.
Важно е да се напомене дека фудбалот во светот ги надминува родовите разлики. Глобалното истражување на Nielsen SportsDNA покажува дека фудбалот е најпопуларниот спорт помеѓу жените на глобално ниво, а една неодамнешна студија покажува дека 70% од жените сметаат дека машкото Светското првенство е “многу привлечно”, а 58% од жените велат дека женското Светското првенство е “многу привлечно”.
За дополнителни информации, можете да го преземете извештајот на Нилсен овде.