По повод „Националниот ден на помфритот“ на 13 јули, брендот за брза храна McDonald’s ја лансираше својата нова принт-кампања составена од човечки раце кои се обидинуваат во „зграпчувањето“ помфрит.
Фотографиите изведени од Марк Селингер прикажуваат различни парови на раце – двајца мажи, две жени, маж и жена, млади и стари, сите со различна боја на кожа – врз жолта позадина. Како што рацете посегнуваат по помфритот, тие се претвораат во препознатливите лакови од логото на McDonald’s, кое патем никаде не е експлицитно поставено на постерите.
Кампањата, насловена „Сподели ја љубовта“ (“Share the Love”), е дело на агенцијата We Are Unlimited од Чикаго, САД. Постерите се појавија како out-of-home реклами, на социјалните медиуми и на билбордот над главниот ресторан на McDonald’s на Times Square во Њујорк.