Интернет порталот FAR.RS спроведе серија емисии за печатени, електронски и онлајн медиуми на бугарски јазик во рамките на проектот „Слобода на изразување, улога во демократското општество и одржливост на медиумите на бугарски јазик во Југоисточна Србија “. Да, бугарски медиуми активно работат и егзистираат во соседна земја, Србија.
Порталот Фар.рс датира од 2016 година, а ФАР ТВ – од 2019 година. Основач е здружението „Амблем“ со седиште во Цариброд.
Мултимедијалниот портал на бугарски и српски јазик фар.рс во својата последна емисија ги афирмираше и новите онлајн медиуми на бугарски јазик во Србија „Glass Press“ и „TV Info Bosilegrad“. Двата медиуми се со седиште во општина Босилеград, каде според информациите мнозинството од населението е главно бугарско.
Зошто ова го пренесуваме како вест? Бидејќи сакаме да акцентираме дека земјите од регионот активно работат преку разно-разни проекти во развојот на медиуми во соседните земји кои го промовираат нивниот јазик, ставови, нивната култура, туризам, историја и земја. Си го негуваат своето малцинство со локални медиуми, кои зборуваат за нивните локални настани и предизвици – на “мајчин” јазик, воспоставувајќи силни врски со матичната држава.