Facebook ги воведе долгоочекуваните ‘Реакции’, опција преку која корисниците ќе можат да го постават курсорот на Like копчето и да изберат поинаква визуелна експресија за постот. ‘Реакцииите’ вклучуваат “love”,”haha”, “wow”, “sad” и “angry.”
Развојот на оваа опција беше првпат обелоденет во октомври 2015, а ‘Реакциите’ се сега достапни глобално. Facebook објави и посебен блог пост, напишан од Продукт менаџерот на компанијата Сами Круг, во кој е опишана новата опција.
“Ние разбираме дека ова е голема промена, и сакаме промислено да ја лансираме,” напиша Круг. “Повеќе од една година вршевме глобално истражување вклучувајќи целни групи и анкети за да одлучиме кои типови на ‘реакции’ луѓето би ги користеле најмногу. Ние исто така се осврнавме врз она што луѓето веќе го коментираат на постови и најупотребуваните стикери и емотикони беа сигнали за типот на реакции кои луѓето веќе ги користат за да одлучиме какви ‘реакции’ да понудиме.”
Ова е најновиот знак дека емотиконите ја превземаат дигиталната сфера – нивниот раст коинцидираше со порастот на мобилните уреди, така што милениумската популација, полека, но сигурно, ги направија емотиконите да бидат ‘мејнстрим’. Во декември, 1.44 милијарди луѓе пристапиле на Facebook преку мобилен. (И вреди да се напомене дека BuzzFeed имаше слични копчиња на крајот од натписите веќе неколку години.)
Во меѓувреме, Chevrolet беше меѓу првите брендови кои си ‘поигра’ со ‘Реакциите’, нагласувајќија новата Facebook опција во онлајн спотот за својот најнов Malibu модел.