Меѓународната непрофитна организација „Репортери без граници“, која се бори за правата на новинарите и слободниот проток на информации, објави нова драматична кампања со која ја истакнува важноста на репортерите кога е во прашање откривањето на случаи на нарушување на човековите права.
Имено, рекламата презентира неколку различни примери на злосторства против човештвото кои биле откриени од страна на репортерите, без разлика дали се тоа присилни бракови, нехумани затворски услови или тела на жртви од Ковид-19 на под од индустриски ладилник. Спотот завршува со пораката: „Вистината постои само доколку некој извести за неа.“
Кампањата е остварена со помош на креативната агенција BETC и продукциската куќа Birth.