Фејсбук ги објави резултатите од своето истражување според кое 43% од луѓето кои играат на мобилните уреди се родители, кои најчесто играат игри помеѓу 17 и 20 часот.
Меѓу родителите кои трошат пари на игри, 90% од нив играат игри како фамилијарна активност. Исто така, се наведува дека 88% од родителите играат мобилни игри со децата како едукациска активност, а 83% од нив купуват апликации за мобилни игри за своите деца.
Во просек, 71% од играчите на мобилни уреди користат паметни мобилни телефони, наспроти 64% кои користат компјутери, 34% користат таблети, а 26% играат на конзоли. Помеѓу мобилните играчи, 45% играат додека чекаат, 44% при патувањето на работа, а 21% играат на работа.
Истражувањето на Фејбук се базира на испитување на возрасни личности во Бразил, Германија, Индија, Индонезија, Русија, Јужна Кореја, Шпанија, Тајланд, Турција, Велика Британија и САД.