Жените во оваа возрасна група сакаат огласувачите да ги третираат како луѓе, а не како стереотипи!
72% од жените на возраст помеѓу 53 и 72 години, од т.н. генерација “baby boomers“, не обрнуваат внимание на огласувањето, се вели во истражувањето фокусирано на односот помеѓу жените и маркетингот.
Истражувањето Elastic Generation: The Female Edit кое е спроведено од страна на JWT London Innovation Group, го испитуваше мислењето на жените на возраст помеѓу 53 и 72 години, сакајќи да се создадат попрецизни согледувања за оваа клучна демографска група.
Истражувањето покажа дека 91% од испитаниците сакаат огласувачите да ги третираат како луѓе, а не како стереотипи, а 90% се согласуваат со изјавата “Нема да почнам да се облекувам во беж боја затоа што сега имам 50 години“.
Слично на тоа, 71% изјавиле дека се уште се “деца во душата“, а 73% изразиле негодување заради начинот на кој огласувачите се обраќаат на нивната генерација кога станува збор за технологијата. Покрај тоа, 81% од анкетираните жени изјавиле дека не се препознаваат во рекламирањето, наводно, насочено кон нивната генерација.
Ова сугерира дека би било паметно за брендовите да престанат да размислуваат за годините како за бројка и навистина да се запрашаат што ја мотивира нивната целна публика, истовремено осигурувајќи се дека повозрасните луѓе во рекламирањето се прикажани автентично.
Ваквите наоди од истражувањето треба да бидат загрижат огласувачите, имајќи во предвид дека 78% од жените над 50-годишна возраст во свои раце ги држат домашни буџети во нивните семејства.