Популарниот интернет форум Reddit, со помош на агенцијата R/GA San Francisco, го објави својот прв „Преглед на годината“ во кој се осврнува врз сите емотивни, забавни и кративни начини на кои Reddit-заедницата одговори на 2020 и настаните кои ја одбележаа.
„Годишниот преглед“ на Reddit ги открива најважните моменти, заедници и теми кои ги дефинираа дискусиите на платформата во видео формат, пропратен и со оригинална музика.
Годината беше исполнета со бурни настани кои засекогаш ќе остават печат врз нашите животи, а Reddit-заедницата се здружи на моќен начин, одекнувајќи и во реалниот живот, пренесувајќи важни информации за пандемијата и нудејќи охрабрување и удобност за своите корисници. Тие не се плашеа да го кренат својот глас во однос на некои од големите прашања кои произлегоа и ја обликуваа 2020, што е одлично претставено во самиот преглед.