Секој може да открие чувство на припадност и да се поврзе со истомисленици меѓу повеќе од 100.000 заедници на Reddit – тоа е главната порака на новата мултинационална кампања на еден од најголемите интернет форуми во светот.
Кампањата, насловена “Find Your People” („Пронајди ги твоите луѓе“), беше најавена уште минатата недела на Меѓународниот фестивал за креативност Cannes Lions, а вчера беше лансирана на пазарите во САД и Канада.
„Пронајди ги твоите луѓе“ ја нагласува моќта на заедницата во нејзината суштина, а луѓето го искусуваат тоа чувство на припадност кога се собираат на Reddit за да разговараат за своите заеднички интереси и теми, кои, пак, се рефлексија на нивната индивидуалност.
Кампањата вклучува телевизиски спотови, дигитални реклами, активности на социјалните мрежи, out-of-home инсталации, но и искуствени активности, а нејзината реализација ќе трае во текот на целото лето.
Кампањата се реализира со помош на маркетинг агенцијата R/GA од Њујорк, САД.