Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum претстави уште две имиња кои ќе одржат предавања на јубилејното 30-то издание на фестивалот, закажано за 9 и 10 октомври во Порторож, Словенија.
Дизајн за влијание и акција
Организаторите на Golden Drum со задоволство ја најавуваат Пум Лефебур, ко-основач и генерален креативен директор во Design Army и воедно претседателка на фестивалското жири во категоријата Craft Drum. Наградувана режисерка и вешта бизнисменка, Пум раководела со меѓународни кампањи за Adobe, Netflix, PepsiCo и Ritz-Charlton. Родена во Тајланд, а сега со седиште во Вашингтон, таа влече инспирација од различни култури за да внесе глобален сензибилитет во американскиот дизајн. Нејзиниот уникатен пристап ги комбинира уметноста и трговијата, правејќи ја вистинска трендсетерка во индустријата!
Во нејзината сесија насловена „Design for Impact and Action“, Пум ќе ја истражи извонредната моќ на дизајнерот да обединува, комуницира и инспирира акција. Придружете ѝ се на ова умствено патување додека таа илустрира преку сопствените креативни триумфи како креативните потфати можат да остават трајно влијание врз заедниците и да катализираат позитивни промени.
Брендовите не се она што мислите
Глобалниот генерален креативен директор и креативен претседател на Cheil Worldwide, Малколм Појнтон, ќе зборува на тема: „Brands Are Not What You Think“. Прогласен за еден од „Топ 10 дигитални умови во светот“ според AdAge, Малколм е визионер во редефинирањето на врските помеѓу брендовите и потрошувачите. Со револуционерни кампањи како „Sneakerpedia“ за Foot Locker и „Real Beauty“ за Dove, тој предводел врвни агенции до повеќе титули за „Агенција на годината“. Сега во Cheil Worldwide, тој ја издигнува мрежата до глобално признание!
На сцената на Golden Drum, Малколм ќе открие зошто и покрај технолошкиот напредок на индустријата, огласувањето денес станува помалку ефективно. Не ја пропуштајте оваа сесија која ги отвора очите, бидејќи Малколм ги урива традиционалните перцепции за брендовите со револуционерни психолошки сознанија за тоа како емотивната креативност носи поголем успех.
Следете ги сите новости за фестивалот Golden Drum на официјалната веб-страница www.goldendrum.com. Да потсетиме, рокот за пријавување во натпреварувачкиот дел на фестивалот трае до 21 август.