Во фокусот на овогодинешното издание на Балкан Економик Форум, кој за прв пат ќе се одржи во Скопје овој петок (18.11.2022), ќе бидат регионалната економска соработка, забрзаната енергетска транзиција, финансирањето на економската соработка и регионалниот развој, подобрување на стручните вештини на работната сила на Балканот, како и инoвациите во креирањето на економските политики.
На настанот, покрај официјалниот државен врв и претставници од дипломатскиот кор, добредојде на учесниците ќе им посакаат и потпретседателката на Европската Комисија, Дубравка Шуица, и Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.
Во работниот дел се предвидени повеќе панели во кои учество, помеѓу другите, ќе земат и: Емир Џикиќ (директор на ЦЕФТА секретаријатот), Гржегож Зиелински (Head of Energy Europe, EBRD), Анте Бабиќ (Европска Комисија, ДГ Енер), Милош Младеновиќ (SEE Power Exchange), Сандра Шваљек (заменик гувернер на Хрватската народна банка), Херјола Спахиу (НОА Албанија), Сузана Кирали (Централно европска иницијатива – ЦЕИ), заедно со истакнати домашни експерти, претставници на реалниот сектор и повеќе претставници од специјализирани економски образовни институции.
Повеќе информации за настанот и целосната агенда можат да се погледнат на следниот ЛИНК.