Маркетиншкиот потег на Икеа инспириран од Кристијано Роналдо стана вирален хит.
Стаклено шише го доби името Кристијано и се продава под описот „шише за повеќекратна употреба, само вода“. „Пијте вода, одржливо“, напишаа од компанијата на социјалните мрежи.
„Дајте им покачување за маркетинг тимот“, „Каков одличен маркетинг“, „Одлична, многу паметна идеја“, напишаа воодушевените купувачи.
За потсетување, за време на пресот на европското првенство, Роналдо отстрани две спонзорирани шишиња Кока Кола и ги замени со вода. “Пијте вода!” порача тој.
View this post on Instagram
После овој потег на португалецот, акциите на Кока Кола паднале за 1.6%, односно компанијата загубила 4 милијарди долари во пазарна вредност.
„По пристигнувањето на прес конференцијата, на играчите им беше понудена вода, заедно со Кока Кола и Кока Кола Зеро“, изјави портпаролот на Кока Кола, веднаш по потегот на Роналдо, додавајќи дека „секој има право да пие што сака“. „Секој има свои вкусови и потреби“, нагласи тој.