Што ги прави луѓето од Данска најсреќните луѓе на светот? Дали тоа е нивната љубов кон отворените средини, нивниот кул „сканди“ дизајн на мебел, нивното “hygge” – или можеби нивното пиво?
Данскиот актер Mads Mikkelsen (“Hannibal”) ја прикажува својата филозофска перспектива по ова прашање патувајќи низ Копенхаген во последната кампања на Carlsberg. Рекламниот спот режиран од страна на Martin Krejci од Stink, го прикажува Mikkelsen кој патува со својот велосипед низ градот низ повеќе сцени, за на крај да стигне до пиварата на Carlsberg. Спотот е креиран од агенцијата Fold7.