Рекламава ја приметивме уште пред десетина дена и долго време се мислевме дали да пишуваме на Маркетинг365 за неа. Едноставно луѓето во тимот или премногу ја “мразеа“, “ги нервираше“ или ја “сакаа“….ја ставивме како draft, “намерно ја заборавивме“ и не се осудувавме да ја пуштиме….. се до денеска…
Е ајде де. Како да ви ја опишеме рекламата за новиот “Кензо“ парфем? Необична, луда и подобра од многубројните музички спотови! Видео спот за кој пишуваат сите медиуми и кој барем еден од вашите пријатели веќе го споделил на својот профил.
На спотот работеле генијалци, помеѓу кој и режисерот Спајк Џоунс (режисер, глумец, продуцент) и кореографот Рајан Хефингтон, кој е “виновен“ за популарноста на спотот „Chandelier“, на познатата пеачка Сија (Sia).
Во ова видео, 21 годишната глумица Маргарет Куали (Margaret Qualley), која можеби ја препознавате од серијата „The Leftovers“, се наоѓа на настан каде доделуваат награди, а потоа љубезно се извинува, и излегува од салата. Ја гледаме во спекакуларен, повеќеслоен зелен Кензо фустан. Но, како што излегува, ги брише солзите од лицето и видео рекламата продолжува кон интересниот дел. Прво започнува песната, и таа се претвора во “ѕвер“ кој почнува да игра, лудачки и див танц. Во сето тоа, не изостана елеганцијата, ниту нотите на префинетост.
Еве ја:
https://www.youtube.com/watch?v=ABz2m0olmPg