Рекламата за обетки од британскиот бренд ASOS, на кој моделот има кохлеарен имплант – еден вид слушно помагало, предизвика лавина од позитивни реакции на социјалните мрежи.
Британскиот бренд во моментов продава пар мали златни обетки со приврзок во форма на печурка за 6,89 долари, но ниту дизајнот, ниту цената не е она што го привлече вниманието.
Како што може да се види на страната на брендот, насмеаниот модел носи слушен апарат на десното уво, а и самата манекенка Наташа Гури е родена глува.
Ова е прв случај на ваков вид вклучување во модни кампањи и реклами за производи, што многу корисници на социјалните мрежи го препознаа како потег достоен за аплауз.
Во коментарите на Твитер, корисниците со оштетен слух го поддржаа потегот на брендот ASOS, истакнувајќи дека подигањето на свеста и почесто гледање на такви помагала во јавноста, ќе им помогне да се чувствуваат „нормално“ и вклучено.