Три од најголемите брендови на денешницата – Apple, Nike и Netflix, заедно со непрофитната организација Sandy Hook Promise, се натпреваруваa за „Еми“ награда за најдобра реклама за 2019 година.
Во почетокот на септември минатата година, компанијата Најк лансираше нова кампања наречена “Dream Crazy“, во која главната улога ја имаше поранешниот NFL играч Колин Каперник.
Имено, Каперник е поранешениот играч на San Francisco 49ers кој пред неколку години ја разбранува американската јавност така што клекна за време на интонирањето на националната химна како протест против полициското насилство – акт кој подоцна го прифатија и други играчи. По завршувањето на неговиот договор со San Francisco 49ers, ниту еден NFL тим не сакаше да потпише со него, ефективно ставајќи му крај на неговата играчка кариера.
Во двеминутниот спот создаден од страна на агенцијата Wieden & Kennedy, Каперник истакнува: „Ако луѓето велат дека вашите соништа се луди; ако тие се смеат на она што мислите дека го можите: добро е. Останете такви. Бидејќи неверниците не разбираат дека ако наречете еден сон луд, тоа не е навреда – туку е комплимент.“
Рекламата беше проследена со голем број на реакции од јавноста.