„Кога ќе научиме да се прилагодиме, можеме да постигнеме било што“, е мотото на новата реклама на Фолксваген во која се промовира новиот електричен автомобил Голф.
Во прв план, видеото ја истакнува актуелната електрификација на автомобилите и подготвеноста на германскиот производител да биде во чекор со промените во автомобилската индустрија, но сугерира дека купувачите ќе треба да се прилагодат на новите погонски решенија во нивните возила.
Сепак, се чини дека Фолксваген не се прилагодува доволно на новите регулативи за рекламирање во Велика Британија, со оглад на тоа што рекламата е забранета затоа што, како што се тврди, користи родови стереотипи.
Поточно, законот кој е усвоен ова лето забранува користење на родови предрасуди во рекламирањето.
Во рекламата на Фолксваген, меѓу другото, прикажана е женска особа која прави сендвичи, како и жена која става детергент во машина за перење, додека астронаутите во сцена од вселената се исклучиво мажи. Параатлетичарот кој вежба скок во далечина е исто така маж, а бебето во количката го чува жена.