Гостински текст на Ева Пиперевска, маркетинг менаџер во G6.
Електронската пошта претставува неразделен дел од нашето секојдневие. Таа е сигурен инструмент преку кој ние сме во постојан контакт со нашите блиски, пријатели и колеги. Освен тоа таа е и одличен начин да научиме што е најновото кај нашите омилени брендови, без разлика дали станува збор за голема распродажба, за привлечни понуди за одмор, или за вести за револуционерен производ.
Токму поради тој факт Google на огласувачите им обезбеди и уште еден канал за рекламирање — преку Adwords реклами во Gmail.
Интерактивни рекламни формати во богат изглед
Со цел да се адаптираат рекламите кои обично се користат во рамките на Adwords платформата, да одговараат на форматот на Gmail, Google претстави други рекламни формати во богат изглед, специјално прилагодени за Gmail. Огласувачите можат да создаваат кампањи за Gmail преку дисплејната мрежа, користејќи ја алатката AdWords Ad gallery. Со помош на неа тие ќе можат да создадат два типа на реклами:
- Collapsed ad — оваа реклама има сличен изглед како пристигнатата пошта на Gmail. Корисниците можат да кликнат на неа, да ја отворат исто како имејл порака и да научат повеќе детали.
- Проширена реклама — се активира со кликнување на рекламата. Ова претставува природен вид на рекламата во форма на цела страница која ја доловува информацијата во рамките на рекламата. Како огласувачи на овој тип реклами вие плаќате кога корисникот ќе кликне да ја отвори рекламата. Сите останати дејствија од страна на корисниците се бесплатни.
Кај овој тип на реклами можат да се изберат неколку шаблони за креирање на реклами.
Има шаблони кои можат да содржат една слика; слика, текст и CTA копче; листа со неколку производи кои сакате да ги рекламирате истовремено и тн. Форматот со персонализиран HTML код нуди најголема флексибилност при конфигурирање на средствата со кои располагате и ви овозможува да креирате дополнително рекламно искуство со вклучување на видеа, формулари, телефонски броеви или интересни фрази.
Информациите во овој пост се превземени од официјалниот блог на Google Adwords.
За повеќе инфо на тема Adwords слободно пишете ми: eva@gsix.me