Индустријата треба подобро да ги комуницира економските бенефити во Европа затоа што креаторите на политики ја разгледуваат можноста да го ограничат онлајн рекламирањето.
Секое евро потрошено на реклами придонесува кон економијата на ЕУ за околу €7, придонесувајќи за профит од €643 bn во 28 те држави во овој блок, а исто така креира и милиони работни позиции промовирајќи конкурентност и поттикнувајќи ја иновацијата.
Ова е заклучокот од најновиот извештај креиран од Светската федерација за адвертајзинг (WFA), која ги користи овие податоци за да го промовира позитивниот импакт кој го има рекламирањето за економиите.
Истражувањето спроведено од Deloitte со користење на економетричен модел откри дека рекламирањето придонесува околу 4.6% во Европскиот БДП и во овој сектор се бележат вкупно над 6 милиони вработувања.
Извештајот се надоврзува на претходното истражување спроведено од страна на асоцијацијата за рекламирање (AA) во Велика Британија во 2013 година, каде со користење на истата методологија добиен е заклучок дека за секоја потрошена £1 за рекламирање дополнителни £6 влегуваат во економијата.
Во согласност со АА, исплатите за реклами им помогнале на креаторите на политики да се предомислат во поглед на улогата на рекламирањето а WFA се надева дека ќе го постигне истиот ефект во Европа.
Рекламирањето има важна улога во економијата и општеството, но често оваа негова улога не се споменува. Овие најавени ограничувања се контрадикторни затоа што повеќето ЕУ влади имаат чист фокус за генерирањето на раст преку иновацијата. Потребна е позитивна проактивна јавна агенда која ќе објасни зошто рекламирањето е добро.
Додека извештајот на WFA се фокусира на бројките и податоците во рамките на EU, придонесот на рекламирањето во економијата е пресметан за повеќе држави вклучувајќи ги Јапонија и Австралија. Со ова истражување донесен е заклучок дека рекламирањето има сличен придонес низ државите во кои е спроведено истражувањето, со тенденција финансиските бенефити од истото да варираат од €6 до €8.
Овие варијации се сведуваат на повеќе фактори.
Иако методологијата не може да биде дефинитивна, земјите со пониски трошоци по реклами per capita имаат тенденција да допринесат повеќе кон БДП како и земјите каде услугите со висока пропорција учевствуваат кон економијата.
Главната разлика се појавува во големините на онлајн пазарот за реклами.
Истражувањето сугерира дека пазарите со пропорционален удел во дигиталните реклами се поверојатно поефективи во своето влијание на БДП.
WFA особено се загрижени околу предложената ЕУ легислатива која се заканува дека ќе го намали дигиталното рекламирање. Нагласено беше оваа недела дека директивата за е-приватност ќе се заложи за зголемена приватност на корисниците.
На Интернет корисниците им се дава можост да избираат помеѓу опциите кои пребарувачите ги нудат и дали ќе прифатат употреба на кукија кои ќе ја следат нивната активност на Интернет наместо користење на кукија од индивидуални веб сајтови. Во исто време на издавачите би им се дозволило да следат кој од корисниците користи блокатори за реклами и да ги замолат да ги исклучат истите доколку сакаат да ги читаат нивните содржини кои содржат реклами.
“Изгледа дека значителен процент на луѓе ќе одбиваат да ги користат кукијата, но овој чекор пак, ќе направи постојано да добиваат известувања од сајтовите ки ги посетуваат да ги прифаќаат нивните кукија доколку сакаат да ги следат нивните содржини,” објаснува Loerke од WFA.
89% од корисниците на Интернет ќе одбиваат користење на кукија, а грижата околу приватноста на корисниците како причина за оваа зголемена загриженост се верува дека ќе има големи импликации за дигиталната индустрија.
“Загрижени сме дека новите предвидени регулативи во поглед на рекламите ќе имаат ненамерни последици и импакт врз целокупниот дигитален еко-систем. ЕУ има агенда за раст фокусирана на дигиталните медиуми, но ваквите регулации би направиле рестрикција и би ги уназадиле овие амбиции. “Ова е само уште еден случај каде креаторите на политиките немаат доволно разбирање за бенефитите од маркетингот и рекламирањето’’.