Синоќа се одржа финалниот натпревар од шампионатот на американски фудбал Супербоул, кој е најгледаниот спортски настан во Америка.
Гледачите го гледаат Супербоул и поради светски познатите реклами, кои предизвикуваат сензација на Фејсбук и Твитер. Реклама од 30 секунди чини повеќе од 5 милиони долари, што е убедливо најскапиот термин во историјата на телевизијата.
Рекламните цени растат во последните десет години. На пример, просечната цена на рекламирање во 2010 година изнесуваше 3 милиони долари, во 2014 година веќе достигна 4,2 милиони, а во 2017 година, за прв пат, беше достигнат износот од 5 милиони долари за 30 секунди рекламирање.
54 –издание на Супербоул е колку борба за титулата на Сан Франциско и Канзас Сити во Мајами, толку и борба меѓу компаниите за внимание на гледачите.
Компаниите кои планирале да го искористат овогодишниот Супербол за рекламирање на нивните производи, не штеделе во ангажирањето на ѕвезди кои ќе се појават во рекламите.
Во продолжение погледнете ги рекламите кои го одбележаа овогодишниот Супербоул: