Но, сепак, огласувачите мора да внимаваат да го задржат балансот и не треба да дозволат едноставно да ги отфрлат подолгите реклами
ТВ огласувачите почнуваат се` повеќе да се вртат кон рекламите со краток формат, кои може да бидат подеднакво ефикасни како и традиционалните спотови од 30 секунди, по многу пониска цена, но маркетинг стручњаците и брендовите мора да бидат сигурни дека ги постигнуваат вистинските цели и правилно ги пласираат своите реклами, се вели во извештајот на WARC.
Џим Бериџ од компанијата Феникс МИ, вели дека кратките формати на реклами- дефинирани како 5-7 секунди – ќе обезбедат одлични можности за маркетерите во следните 12-18 месеци.
Една студија спроведена од страна на Феникс МИ, во која беа вклучени 100 кратки ТВ реклами, кои се прикажани на 38.000 возрасни лица, ја спореди нивната ефикасност со рекламите со подолг формат и утврдиле дека некои показатели, како што се меморабилноста на рекламите, поврзување со брендот и меморабилноста на брендот, постигнале речиси еднаква вредност.
Бериџ, исто така, додава: “истите карактеристики кои ги прават рекламите од 15 или 30 секунди ефикасни, може да се применат и на кратки формати”. Значи, направете ги работите поедноставни, пофокусирани и избегнувајте преоптоварување со информации.
И додека потрошувачите, кои веќе се запознаени со онлајн реклами во краток формат, се навикнуваат да ги гледаат и на ТВ, се очекува нивната сила и моќ да продолжи да расте.
Но, сепак, огласувачите мора да внимаваат да го задржат балансот и не треба да дозволат едноставно да ги отфрлат подолгите реклами.
“Еден од главните предизвици за маркетерите и брендовите е самоконтролата. Тие не смеат да ги ставаат сите карти на кратките формати на реклами и да ги занемарат другите формати. Она што треба да се избегне во индустријата е уште едно сценарио на App Store, каде што експртите за маркетинг брзаат да го прифатат концептот без навистина да размислат за тоа што навистина е добро за нивниот бренд “.
Иако правилно изведена реклама со краток формат можат да биде ефективна сама по себе, овие реклами “имаат тенденција најдобро да функционираат кога се прикажуваат со подолги реклами или како поддршка на пошироки маркетинг кампањи”, наведува Бериџ.
“Како што социјалните медиуми се начин да се зголеми свеста за брендот, истото важи и за рекламите со краток формат”.