Може ли омилената комуникациска платформа на Рајфајзен банка да трае уште една сезона и понатаму да функционира? Може ли уште една во низата реклами за кредит да го привлече вниманието на корисниците и да остане во сеќавањето подолго од триесетина секунди? Може ли…? МОЖЕ!
Новиот „Пауза” кредит на Рајфајзен банка започна низа на фантастични рекламни минијатури. Режисерот Раша Андриќ во својот препознатлив стил собра и води одлична глумачка екипа, креирајќи по замислата на креативците од McCann еден топол и забавен поглед на кеш кредитите.
Лицето на Рајфајзен банка – Јелена Гавриловиќ ја претставува новата кредитна услуга на Драган Јовановиќ и другите ѕвезди, кои нема да ви ги откриеме. Тие се раскошни, впечатливи карактери, обземени со своите секојдневни животи, со практични и духовни потреби, желби и навики. Јелена сите желби и дилеми им ги сослушува, препознава, разбира и дури и кога делуваат сосема неразбирливо, проникливо им излегува во пресрет, токму како и Рајфајзен банка со својата понуда, бидејќи сите нас понекогаш ни е потребна мала пауза.