Во рекламата се` до самиот крај, не е јасно која е целта на рекламниот спот и што промовира. Всушност, рекламата повеќе потсетува на сцени од музички спот или најава на филм.
„Изберете ги плодовите на нашата земја, нашето сонце, нашето небо, нашиот народ – изберете повеќе од 600 мириси, вкусови, производи од Србија со етикета Чувар куќа!“, се наведува во описот на видеото што Стопанската комора на Србија го сподели на сите социјалните мрежи.
Во видеото се појавуваат неколку „контроверзни“ сцени како што се бакнежот на двајца млади луѓе, мед кој тече по усните и грбот, жена која гали земјоделска машина…
Ако целта на промотивното видео на Стопанската комора е провокација, таа дефинитивно е успешна, бидејќи судејќи според коментарите, граѓаните се согласуваат дека рекламата е, во најмала рака, невкусна.
Секако може да се каже дека кампањата е храбра и поразлична, а останува прашањето за маркетинг експертите дали е постигната целта.