Има уште пет месеци до најголемиот спортски настан во САД, т.н. Супербоул (Super Bowl), но рекламниот телевизиски простор за натпреварот е веќе речиси распродаден.
Телевизијата Fox, која што ќе го емитува натпреварот за титулата во Националната фудбалска лига (НФЛ), објави дека веќе продале 95% од достапниот рекламен простор.
Некои од рекламите од 30 секунди се продадени за над 7 милиони долари, што е рекорд во историјата на Супербоул.
Сето ова доаѓа во време по повлекувањето на Pepsi од еднодецениското партнерство како водечки спонзор на настанот. Гигантот за безалкохолни пијалоци планира да ги насочи своите огласувачки расходи во дигиталниот простор бидејќи публиката на традиционалните ТВ програми продолжува да опаѓа.
По Pepsi, останува да видиме кому и по која цена ќе му бидат доделени ексклузивните 12-те минути за да ја организира забавната програма на полувремето од натпреварот.