(РЕГИОН) – На шестото хрватско издание на престижното маркетинг натпреварување Effie, кое ја наградува ефикасноста на огласните кампањи, пријавени се рекорден број на проекти – дури 53. Тоа е 20% повеќе пријавени проекти во однос на минатата година а за наградата ќе се борат 38 различни агенции и 35 огласувачи.
Пријавените проекти ќе се борат во Effie наградата во десет категории. Конкуренцијата е најголема во категоријата “Телекомуникациски услуги“ каде се пријавени најмногу проекти, вкупно 14 а потоа следат категориите “Храна“ и “Пијалоци“ со 9, односно 8 пријави.
“Исклучително сме задоволни од овогодинешниот одзив и рекорден број на пријави. Тоа потврдува дека оваа година имавме исклучително ефикасни и креативни маркетинг кампањи и жирито на Effie одвај чека да почне со оценување“ изјави Дарио Врабец (Ледо) претседател на жирито.
Членови на овогодинешното жири се Dario Vrabec (Ledo), Darko Ivančević (Zagrebačka pivovara), Kristijan Gregorić (Franck), Sanja Milinović (HT), Ranko Jelača (Atlantic grupa), Olivera Međugorac (Nestlé), Teo Novaković (L’Oreal), Sonja Katanec (Pliva), Vanja Vaniček (Zagrebačka banka),Dajana Mrčela (Saponija), Vanja Osredečki (Imago reklamna agencija), Saša Ivan (McCann Zagreb), Sanja Petek Mujačić (Bruketa&Žinić OM), Luka Duboković (BBDO Zagreb), Jelena Mijailović (Publicis grupa), Anamarija Horaček (Unex MPG), Krešimir Renzo Prosoli (Real grupa), Daniel Ackermann (Degordian), Ida Pandur (Grey Entourage), Ante Šalinović (Ipsos Puls).
Добитниците на Effie наградите ќе бидат прогласени на доделувањето на наградите кое ќе се оддржи во склоп на “Денови на комуникацијата“, најважната професионална манифестација во Хрватска, која се оддржува од 16 до 19 април во хотелот Лоне во Ровињ.