Иако телевизијата продолжува да биде лидер со најголем удел на привлечени огласувачки инвестиции на бугарскиот пазар, дигиталниот маркетинг уште една година по ред ги намалува разликите.
Со вкупна вредност од 198,9 милиони лева (101,2 милиони евра), инвестициите за дигитално огласување во Бугарија во 2021 година забележале рекорден раст од 38% на годишна основа. Ова го покажува извештајот AdEx Bulgaria, подготвен од професионалното здружение IAB Bulgaria.
Во 2021 година, најголем удел од сите дигитални формати во Бугарија повторно заземаат дисплејните реклами, со 69,1% од вкупните инвестиции за дигитално огласување.
Инвестициите за огласување во пребарувачот Google достигнале 23% од вкупниот дигитален пазар во Бугарија, додека просечната вредност за Европа е 43%.
Најголем процентуален пораст од 142,8% на годишна основа е забележан во однос на инфлуенсер маркетингот, кој во 2021 година изнесувал 3,1% од вкупниот дигитален пазар, достигнувајќи вредност од 6,1 милиони лева (3,1 милиони евра).