Прометот на првиот ден од Prime Day беше 5,6, а на вториот 5,4 милијарди долари, се наведува во соопштението.
Прометот на мало во САД за време на 48-часовниот настан Prime Day на Амазон го надмина претходниот рекорд поставен за време на ланскиот Сајбер понеделник.
Вкупниот промет во е-трговијата во понеделникот и вторникот изнесуваше повеќе од 11 милијарди долари, што е за 6,1% повеќе во однос на Prime Day одржан во октомври 2020 година, според индексот на Adobe Analytics, кој опфаќа повеќе од илјада милијарди онлајн посети на американски веб-страници за малопродажба и повеќе 100 милиони артикли во 18 категории производи.
Онлајн продажбата на мало во понеделникот, на првиот ден од Prime Day изнесуваше 5,6 милијарди долари, а на вториот 5,4 милијарди долари, се вели во соопштението на Adobe.
Минатиот понеделник е најпрометниот ден во однос на дигиталната продажба, а вторникот е втор според вредноста, додаваат од Adobe.
За време на минатогодишната празнична шопинг сезона, за време на Сајбер понеделник, прометот беше околу 10,9 милијарди долари, што е рекорд во САД за еден ден во трошењето преку онлајн продажба.
.