Повеќе од 43,000 кампањи се пријавени за овогодинешното издание на Cannes Lions фестивалот – нов рекорд и пораст од 7%.
Од вкупно 24 натпреварувачки категории, 18 забележале пораст во пријавените кампањи, а најголемиот е во категоријата Product Design, која е скоро дуплирана (пораст за 92%).
Забележен е пораст и во бројот на пријавени кампањи за специјалните награди на Cannes Lions како Lions Entertainment, Lions Innovations и Lions Health. Entertainment Lions (порано Branded Content and Entertainment) забележа раст од 32%, односно 1843 пријавени кампањи, додека пак Entertainment Lions за музика привлече 637 пријавени проекти во деби година на оваа категорија.
Пријавените проекти во категоријата Creative Data Lions пораснале за 16%, односно вкупно 715 пријави, а во категоријата Innovations Lions пораснале за 69%, односно 381 вкупно пријавени проекти.
Меѓутоа, бројот на проекти во Cyber Lions е намален за 23%, на 2886 проекти, а други категории кои забележале пад се Radio Lions (намалување од 18%, 1410 пријави) и Print and Publishing Lions (намалување од 16%, 4470 пријавени проекти).
Деновиве, 387 членови на различни жири комисии започнаа со вреднување на пројавените кампањи, а првите резултати ќе бидат соопштени на првиот дел од фестивалот, во Сабота на 18 Јуни.
Филип Томас, извршен директор на Lions Festivals, изјави: “Ние постојано ја евалуриаме секоја категорија, консултирајќи се со индустријата за да формираме поглед како тие да бидат структуирани и да одразуваат креативната сфера и да останат релеванти. Важно е овие награди да останат барометар за индустријата, како и траен креативен бенчмарк.”
“Овие бројки се исто така и потсетување дека постојано има растежи и падови и дека најдобро е да се гледа долгорочната слика. Категоријата Outdoor Lions е само еден пример на тоа – пад од 11% во пријавени проекти минатата година поттикна кометари за пад во секторот, но оваа година забележавме јасно враќање, со раст на пријавени проекти од 7%,” објасни Томас.