Кампањата која што ги слави љубовта и семејството е креирана од страна на агенцијата Publicis Conseil
Рено, францускиот производител на автомобили, прославува 25 години од овој семеен модел, Renault Scenic, со кампања која што прикажува љубовни приказни на семејства кои што се на самиот почеток.
Кампањата ќе биде прикажана во Франција со цел да се зајакне посветеноста на Рено на развојот на асортиманот на семејни автомобили, кои во последните години константно се натпреваруваат со теренските возила.
Видеото е во режија на Никлас Ларсон, а песната што се користи за саундтракот е „The Power of Love“. Самото видео прикажува мноштво љубовни приказни, било да се работи за татковска, мајчинска или платонска љубов.
Арно Белони, кој во септември беше назначен за глобален директор за маркетинг на Рено, рече дека целта на кампањата е да ги потсети гледачите дека брендот ги поддржува семејствата веќе четвртина век.
„Со многу силни креативи и исклучителна современост, видеото го рехабилитира имиџот за семејно возило, за што Renault Scenic е синоним.