Ромбот е една од најпрепознатливите форми во светот воопшто, како и во автомобилскиот свет. Тоа е едноставна геометриска форма со силен, моќен идентитет
Францускиот автомобилски бренд Рено започна со целосно редизајнирање на брендот во рамките на програмата “Ренолуција“, а една од мерките е и ново лого на брендот. Новото лого значи збогување со носталгијата и свртување кон модерноста.
Ново-диајнираниот амблем за прв пат беше прикажан на предниот дел на прототипот на концептот Рено 5. Според Рено, заштитниот знак ја отелотворува иновативноста, живоста и модерноста. Со новото лого, сметаат од Рено, тој ќе стане бренд на технологија, услуга и чиста енергија.
Една од причините за промената беше комплицираното и нејасно лого од 2015 година. Обновениот ромб, кој останува заштитен знак на брендот, е појасен и препознатлив во сите големини и дизајни. Новото лого се заснова на постарите верзии, а првата датира од 1946 година. Сепак, Рено тврди дека не негува носталгични чувства за минатото.
Новиот заштитни знак веќе се користи во ТВ рекламите за Renault Zoe во Франција, како и на социјалните мрежи, а од јуни годинава ќе се најде и на другите онлајн платформи. Во иднина, ќе може да се види и во салоните.
Првите автомобили со новото лого ќе се појават на пазарот следната година.