Во Ровињ доаѓаат повеќекратно наградувани ПР стручњаци од водечки европски агенции за односи со јавност
Денови на комуникација е фестивал каде што експертите за комуникација од сите сектори – од маркетинг и односи со јавноста до дигитални комуникации – можат да дојдат да слушнат врвни предавања. Оваа година на Денови на комуникација доаѓаат експерти од областа на професионалната комуникација, како што се Габриела Лунгу, директор на консултантската фирма WINGS од Прага и Хермес Холм од агенцијата PRIME Weber Shandwick од Стокхолм.
Ретко кој, како Габриела Лунгу може да се пофали дека претседавал или учествувал во работата на жирито за ПР на меѓународни фестивали, како Dubai Lynx, Cannes Lions, Effie, D&AD, SABRE и Clio Awards. Габриела Лунгу е повеќекратно наградувана за својата работа со повеќе од 150 освоени награди и номинации на врвни фестивали како Cannes Lions или Global SABRE и повеќе од дваесет години работно искуство. Габриела Лунгу е одличен познавач на теоријата за усовршување и тренинг што ја разви низ студиите за стратегиски менаџмент. Своето долгогодишно искуство кое ја доведе до врвот на ПР и креативните индустрии, го стекна работејќи во водечки агенции како Weber Shandwick, Ogilvy Public Relations и TBWA London.
Особено интересен предавач во Ровињ доаѓа од Скандинавија, мајстор за комуникација, Хермес Холм, чии вештини се скриени зад мирна надворешност. Холм, пред сè, ја сака работата, спротивставувајќи се на клишето на отворени, забавни комуникациски експерти кои сакаат внимание. Холм е повеќекратно наградуван ПР специјалист, секогаш на водечки позиции во најјаките европски агенции за односи со јавност, како што се PRIME Weber Shandwick и Edelman Deportivo. PRIME Weber Shandwick, од каде што доаѓа Холм, е глобална креативна ПР Агенција на годината според Holmes Report 2016, а во периодот од 2010 до 2016 година на Cannes Lions е најнаградуваната ПР агенција во светот.
Холм ќе зборува за чувството за повисока цел кое стана интегрален дел на современата комуникација, за целите што ги поставуваат брендовите и за тоа како да се помине патот од поттикнување на дискусија до управување со неа, за начинот на кој од обична кампања доаѓа до решавање на вистинските проблеми, релевантни за целната публика.
Организаторите ги повикуваат заинтересираните експерти од областа на комуникациската индустрија да се пријават и да ги слушнат искуствата на водечките европски експерти за односи со јавност. До 13 февруари траат раните пријави по поповолни цени. Повеќе информации на веб страницата на фестивалот: www.danikomunikacija.com