На 5 ноември, кога контроверзниот рапер Кање Бест напиша на Твитер дека McDonald’s е неговиот омилен ресторан, Бургер Кинг набрзо реплицираше: “Explains a lot” („Објаснува многу“). До денес, репликата на Бургер Кинг има рекордни 1.020.000 „лајкови“ и 270.000 споделувања. Твитер официјално соопшти дека тоа е „најлајкуваниот“ твит од страна на некој бренд досега.
Лондонската social media агенција Coolr, која ги води профилите на Бургер Кинг и има само 10 вработени, неодамна откри како дојде до тој твит, во интервју за The Drum.
„Тоа е сведоштво за агилноста и креативноста на нашиот тим и фантастичната соработка која ја имаме со Бургер Кинг како наш клиент. Во последно време кружи наратив дека органскиот досег на социјалните медиуми е „мртов“, но ние не се согласуваме. Со правилна стратегија, јасна мисла и малку храброст можете да ги поврзете брендовите со популарната култура на еден автентичен начин – и да создавате идеи кои ќе „патуваат“ низ светот,“ истакна Адам Клајн, извршен директор на Coolr.
Клајн има долгогодипно искуство со милениумската публика, претходно водејќи ја младинската медиска групација The LAD Buble како генерален оперативен директор.
„Агенциите и брендовите може многу да научат од начинот како онлајн издавачите го користат „просторот“ на социјалните медиуми. Содржините треба да бидат друштвени, специфични за платформата која се користи, богати во контекст и блиски до публиката со која сакате интеракција. Брендовите кои ќе го сфатат тоа ќе победат,“ заклучи Клајн.
Соко Нуњез, бренд директор на Бургер Кинг, во врска со твитот истакна: „Ние сме задоволни што нашата неодамнешна активноста доби толку многу реакции на Твитер. Како бренд константно се стремиме да ги рушиме бариерите на креативноста и да развиваме нови идеи кои ќе предизвикаат голем број на интеракции со публиката. Имаме блиска соработка со нашата нова агенција Coolr, за да го преиспитаме нашиот пристап кон социјалните медиуми и искрено сме многу возбудени поради заедничката ефикасност.“