Во својата актуелна кампања, организацијата „Репортери без граници“ во Германија ги „врати“ фонтовите на девет весници кои биле забранети од властите во Турција, Азербејџан, Виетнам, Камбоџа, Танзанија, Унгарија и Русија.
Кампањата, насловена „Фонтови на слободата“, е дело на агенцијата Serviceplan од Хамбург, остварена во соработка со големите германски весници како Süddeutsche, Die Welt, TAZ и Augsburger Allgemeine, кои ги искористија фонтовите во своите изданија со соодветни статии.
Активностите во кампањата почнаа уште во септември минатата година, кога турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше пречекан за време на неговата посета на Германија со билборди кои промовираа слободна на говорот токму во фонтовите на весниците кои неодамна биле забранети во Турција.
Кампањата сé уште трае, а поддржувачите може слободно да ги симнат „забранетите“ фонтови од интернет, со цел да ги употребуваат за своите активности.