Регионалната агенција за интегрирани комуникации Represent Communications и агенцијата за управување со човечки ресурси HR Xcel ја започнуваат есенската деловна сезона со партнерство на нивните стручни тимови. Employer Booster е нова услуга на пазарот поттикната од симбиозата на водечки експерти во областа на комуникациите и човечките ресурси.
„Водени од заедничка визија, знаење и искуство, ја создадовме уникатната програма Employer Booster, која има за цел да изгради автентичен и препознатлив бренд за работодавачите, заснован на здрава организациска култура која комуницира и го одразува нанадвор она што навистина се случува внатре. Сметаме дека сега е потребно повеќе од кога било претходно да се работи на подобрување на брендот на работодавачите, бидејќи тоа е единствениот начин да се зголеми посветеноста, да се задржат вработените, да се привлечат кандидати, да се создаде благосостојба, да се максимизираат потенцијалите и на тој начин да се остварат компаниските стратегии и цели. Горда сум на она што HR Xcel и Represent го создадоа и верувам дека Employer Brand Booster многу брзо ќе биде лого на препознавање меѓу оние компании кои сакаат да обезбедат уникатно искуство за своите вработени“ – објаснува Сања Јевѓенијевиќ, управен партнер на HR Xcel.
Партнерството помеѓу Represent и HR Xcel најавува уникатна програма која врз основа на истражувања и собрани податоци за културата, организацијата и перцепцијата на работодавачот, ќе создаде решенија целосно прилагодени на потребите на клиентите. Како иновација на пазарот, платформата Boost претставува еден од клучните канали на внатрешна комуникација кој нуди навремени информации, учење и развој за вработените, а дополнителна придобивка за работодавачите се прилагодените решенија преку креирање и продукција на содржини.
„Во времето во кое делуваме, компаниите ја сфатија вредноста на секој поединечен вработен. Со нашата комплетна Employer Booster услуга, можеме да му помогнеме на секој деловен субјект да ги подобри односите со вработените, подобро да ги мотивира и да привлече нови потенцијални кандидати за работата што ја работат. Ние во Represent тоа го правиме со години, но сега со ова партнерство го покриваме целото поле на внатрешни односи во една компанија – како од страната на комуникациите, така и од страната на човечките ресурси“ – посочува д-р Борислав Миљановиќ, извршен директор на Represent System.
Соработката и здружувањето на тимовите на HR Xcel и на агенцијата Represent Communications е клучен чекор во стратегијата за постигнување успех за организациите кои се подготвени да се трансформираат и да одговорат позитивно на барањата на пазарот.