Водечката ПР агенција во Србија и Црна Гора, Represent Communications, го прошири своето работење и во Босна и Херцеговина, со отварање на канцеларија во Бања Лука. Сите услуги од своето портфолио, агенцијата ќе ги овозможува на идентичен начин на сите пазари на кои е сега присутна.
„Се` почестите барања на клиентите за агенција која од еден центар може да ги сервисира клиентите на повеќе пазари, доведе до тоа да отвориме трета агенција во регионот. Се одлучивме за Бања Лука заради блискоста на нашите пазари и културата и жалбата да влеземе во комуникацискиот пазар како во Република Српска, така и во цела Босна и Херцеговина. На сите клиенти ќе им овозможиме услуги преку нашиот регионален тим, кој исклучително добро ги познава локалните прилики и медиуми“ изјави Борислав Милјановиќ, основач и CEO на Represent System во рамките на кој неодамна работи и Represent Communications Бања Лука.
Represent Communications во Белград брои преку 40 вработени и во склад со актуелните трендови, посебно внимание посветува на развивање на дигиталните комуникации преку The Content Studio, но и во други области на комуникациите, како интерни и кризни комуникации, како и едукација во областа на ПР – от.
„Присуството на пазарот во Босна и Херцеговина од 2013 година не` увери во зрелоста на клиентите и спремноста за нови услуги. Запознавме голем број на компании кои ги сладат трендовите и кои сакаат поактивно да бидат присутни како во традиционалните медиуми, така и на новите канали. Ние сме лидер во давањето услуги од областа на дигиталните комуникации преку нашето The Content Studio, а на почетокот на октомври ја имавме првата конференција за содржината на дигиталните канали и ја стартувавме Content Академија во Белград. Се радуваме дека нашата следна станица за развивање на дигитални комуникации ќе биде во Црна Гора и Босна и Херцеговина“ додава Борислав Милјановиќ.
За директор во канцеларијата во Бања Лука поставена е Бојана Радиќ, која поседува повеќегодишно искуство на сродни работни места и одлично ги познава медиумите. Бојана Радиќ е родена во Бања Лука кадешто завршила Економски факултет и искуство стекнала во фирми како што се Deus System и Europapier, членки на Heinzel група.
Координацијата на проектите во регионот и врската помеѓу сите канцеларии ќе ги надгледува Јелена Микиќ, регионален директор на агенцијата Represent Communications.