Веќе долго време, електричните автомобили беа ексклузивен домен на ултра богатите или еко-надмените, со цени далеку од дофатот на обичните луѓе. Но, сега, Citroën ги урива бариерите со претставувањето на моделот ë-C3. По цена од 23.300 евра, новиот модел треба да го револуционизира пазарот на електрични возила, правејќи ја целосно електричната мобилност достапна за секого. Според компанијата, електричната револуцијата веќе започна.
По тој повод, брендот лансираше кампања со смела група бунтовници кои растураат ултра раскошна забава на богатите за да ги запленат електричните автмобили на „елитата“ која носи перики и јади колачи. Со песната „Suffragette City“ на Дејвид Боуви, бунтовниците успеваат да се справат со низа апсурдни безбедносни мерки – поло играчи, бараж топчиња за голф и случајно фрлена тениска мрежа – додека „елитите“ очајнички се обидуваат да ги задржат електричните автомобили далеку од рацете на „масите“.
„Новиот ë-C3 е револуционерен производ, кој нуди пристапна, висококвалитетна, електрична мобилност за секого за прв пат. Овој производ заслужуваше привлечна, високо влијателна, визуелно неверојатна кампања проследена со фантастичен саундтрек“ – изјави Федерико Гојрет, глобален потпретседател за маркетинг и комуникации во Citroën.
Кампањата е осмислена од страна на креативната агенција BETC Paris и продуцирана од La Pac во партнерство со Stink Paris. Режисер на филмот е Фредрик Бонд.