Кој досега не го знае Revolut, време е да го запознае :) Нивниот слоган баш одговара : “Simply Revolutionary“ !
Британскиот стартап кој прави револуција во финансискиот систем и кој почнува да “дрма“ големи банкарски системи, веќе ја има “раздрмано“ и Македонија, каде според нив имаат веќе повеќе од 5,000 корисници.
Да тргнеме со ред, прво прашање: Што е Revolut ?
Revolut е нов начин како инстантно да испраќате и да трошите пари низ целиот свет со НУЛА банкарска провизија !
Вашата Revolut сметка можете да ја користите да правите купувања секаде, низ целиот свет, во било која валута, да испраќате пари преку SMS, eMail, WhatsApp или социјалните медиуми и во целиот тој процес да заштедите бидејќи нема да имате никакви банкарски провизии во целиот процес.
Како работи Revolut?
Сѐ што треба е да имате паметен телефон (Android или iPhone) и да ја симнете Revolut апликацијата од Google Play или AppStore .
Откако ќе го креирате вашиот профил, можете да си трансферирате средства од вашата дебитна картичка/акаунт кон Вашиот Revolut акаунт…и тоа е тоа…добивате интернационална банкарска сметка која можете да ја користите низ цел свет. Банкарски account на cloud :)
Исто така, со само неколку клика може да ја нарачате Revolut картичката и истата физички да пристигне на вашата домашна адреса за неполни 15 дена. Со картичката може да плаќате на интернет и во продавница, во Македонија и во светот.
Повеќе за самиот сервис можете да прочитате на нивниот веб сајт: https://revolut.com/ или да поставите прашање на форумот на IT.mk каде веќе има македонска ИТ заедница која дискутира за овој продукт (ЛИНК)