Британскиот производител на луксузни автомобили Rolls-Royce лансираше нова кампања за британскиот и американскиот пазар, која всушност претставува краток вестерн филм.
Имено, филмот едноставено насловен „The Gunslinger“ („Револверашот“), ја раскажува приказната за еден револвераш (какво изненадување :)) кој, со помош на една храбра девојка од локалниот салун, успева да спаси некое мало гратче од лошата банда на негативци.
Сосем неочекувано за инаку типичниот вестерн филм е појавувањето на теренски автомобил Rolls-Royce, со чија помош двајцата протагонисти успеваат да ги изгонат лошите бандити кои јаваат на коњи.
Сценарист и режисер на краткио филм е Џереми Хеслуп од продукциското студио Valkyr од САД.