На задоволство на сите гејмери на бугарскиот пазар, Rexona го претстави Rexona Advanced Protector – уникатен заштитник за гејминг контролори дизајниран да ги одржува рацете на играчот добро изладени за време на интензивно играње. Производот доаѓа во пресрет на претстојното Европско фудбалско првенство, чиј официјален спонзор е токму Rexona.
Rexona Advanced Protector е развиен во соработка со креативната агенција &play и вклучува иновативни џебови со гел за ладење, со чија помош континуирано ги лади дланките и ја подобрува удобноста во играта. Производот во ограничено издание е инспириран од беспрекорната формула на Rexona за заштита од пот во времетраење 72 часа и ветува дека ќе го промени начинот на играње за гејмерите.
„Среќни сме да ја претставиме оваа иновација пред гејмерската заедница. Со комбинирање на нашата креативна експертиза со експертизата на Rexona во грижата за оптималните перформанси на спортистите, развивме производ кој навистина ќе го подобри искуството на играње“ – рече Димитар С. Стефанов, креативен директор на агенцијата &play.
Клучните придобивки на Rexona Advanced Protector се подобриот стисок, ладењето на дланките преку интегрираните гел-џебови и инспирацијата од технологијата за антиперспирант на Rexona. Производот беше претставен ексклузивно преку популарни фудбалски стримери на Twitch.
„Rexona Advanced Protector буквално ја менува играта. Сакавме да се справиме со чести проблем кај гејмерите – испотени раце – и да им дадеме решение кое нуди и подобри перформанси и удобност“ – вели Мариела Иванова, маркетинг менаџер за дезодоранси во Unilever.
Иновативниот производ е уште една од активностите на брендот околу UEFA EURO 2024™ и ја нагласува посветеноста на Rexona кон промовирањето на оптимални резултати, без разлика дали на теренот или пред екранот. А, гејмерите може да очекуваат ново ниво на удобност со овој додаток.
За повеќе информации за Rexona Advanced Protector и за гледање фудбалски преноси, следете ги социјалните профили на Rexona Bulgaria.