Како дел од бренд-платформата “Inspired by an eBay Story” („Инспирирано од приказна на иБеј“), сервисот за онлајн трговија eBay ја објави новата хумористична реклама “Director’s Cat” („Мачката на режисерот“ или посоодвенто на раскажаната приказна – „Режисерската мачка“).
Новата реклама го следи веќе воспоставениот начин на eBay за раскажување на чудните и прекрасни приказни на купувачите и продавачите на платформата, така што ја започнува приказната од крајот и потоа ја раскажува наназад.
Во овој случај, приказната почнува на сценска бина за време на некаква наградна церемонија, каде што една девојка држи мачка и ја прифаќа наградата за најдобар документарен филм. Но, режисерот на победничкиот документарен филм не е девојката, туку мачорот во нејзината прегратка – Кени.
Откако воодушевениот аплауз од публиката ќе стивне, добиваме увид во приказната за тоа како Кени бил клучен во создавањето и успехот на наградениот документарен филм. Тој успех е всушност резултат на луди идеи, нови искуства и генијални вештини, а сето тоа овозможено од eBay како онлајн пазар полн со страсти и можности.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Dude од Италија.