Минатата година Гугл објави дека сите резултати од пребарувањето за мобилните уреди ќе имаат фавикон за сајтовите и назив на доменот. Заедно со поистакната ознака „AD“, овие промени сега доаѓаат и на десктоп пребарувањата на Гугл.
Резултатите од пребарувањето добиваат помал редизајн, каде што називот на страниците сега ќе се појавува под главната линија која содржи фавокон на веб-страницата и името на доменот. Гугл се надева дека истакнувањето на брендирањето на страницата ќе му овозможи на корисникот подобро да разбере од каде доаѓаат информациите и кои страници го содржат она што корисникот го бара.
Друга промена е дека Google Search сега има поистакната ознака “Ad“ за реклами, која е задебелена и повеќе не е во зелена боја.
Иконите за веб-страница играат голема улога во потврдувањето на секој резултат и им помагаат на корисниците лесно да ги скенираат страниците со резултати и да одлучат што понатаму. Исто така, фавиконите помагаат во брендирањето на сајтовите.
Фавиконите за десктоп пребарувањата на Гугл и другите споменати промени се очекуваат во текот на оваа недела.