Американскиот бренд на чипс и други грицки Frito-Lay го ангажираше познатиот британски пејач Рик Естли за својата хумористична новогодишна кампања.
Централниот спот на кампањата почнува со сцена во која ги гледаме новогодишните заложби на една жена: „1. Откажи се од реалити ТВ; 2. Откажи се од благо после 22 часот; 3. Грицкај малку попаметно“. Сепак, жената оди да земе пакување грицки од Frito-Lay, по што почнува познатата песна на Рик Естли, “Never Gonna Give You Up” („Никогаш нема да се откажам од тебе“).
Потоа гледаме колаж од сцени во кои жената се забавува и притоа грицка, танцувајќи на популарната мелодија. Тогаш од никаде се појавува Рик Естли, кој истакнува дека оваа година „не мора да се откажете од сé што го сакате“.
Сепак, за да не испадне дека брендот поттикнува нездрави прехрамбени навики, Frito-Lay ги промови своите „поздрави“ типови на грицки, за „попаметно“ грицкање во текот на годината. :)