„Вашите соништа, направете ги реалност“ е слоганот на новата кампања од луксузниот моден бренд Christian Dior, лансирана со цел промоција на женскиот парфем „J’adore“.
Во фокусот на новата кампања е амбасадорката на брендот и светска поп-икона Ријана, која на моќен, блескав и инспиративен начин ја отелотворува триумфалната и слободоумна женственост на „J’adore“.
Дејството на филмот се случува во една од препознатливите луксузни палати на Dior, каде што Ријана целосно се втопува во „позлатениот“ свет на класичната убавина, претставено низ објективот на познатиот моден фотограф Стивен Клајн.
Кампањата се реализира во соработка со креативната агенција Publicis.