Брендот за спортска опрема Nike предизвика големи реакции во американската јавност по објавувањето на новата рекламна кампања чие заштитно лице е поранешниот NFL играч Колин Каперник.
Имено, Каперник е поранешениот играч на San Francisco 49ers кој пред неколку години ја разбранува американската јавност така што клекна за време на интонирањето на националната химна како протест против полициското насилство – акт кој подоцна го прифатија и други играчи. По завршувањето на неговиот договор со San Francisco 49ers, ниту еден NFL тим не сакаше да потпише со него, ефективно ставјќи му крај на неговата играчка кариера.
Меѓутоа, контроверзниот играч сега се најде како главен лик и наратор во новата реклама на Nike, која треба да ги истакнува големите амбиции на спортистите. Во двеминутниот спот создаден од страна на агенцијата Wieden & Kennedy, Каперник истакнува: „Ако луѓето велат дека вашите соништа се луди; ако тие се смеат на она што мислите дека го можите: добро е. Останете такви. Бидејќи неверниците не разбираат дека ако наречете еден сон луд, тоа не е навреда – туку е комплимент.“
Спотот вклучува и снимки од познати спортски имња од американскиот фубал, кошарката, фудбалот, тенисот и борењето, како што се ЛеБрон Џејмс, Серена Вилијамс, Меган Блунк, Исаја Бирд и други.
Рекламата беше проследена со голем број на реакции од јавноста – некои позитивни, некои негативни – меѓу кои се најде и американскиот претседател Доналд Трамп кој на Твитер ги критикуваше Nike и NFL-лигата.