(РЕГИОН) – Grayling, глобалната ПР агенција со силна мрежа во Југоисточна Европа, го објави именувањето на Роберт Шкунца на местото директор на хрватската канцеларија.
Покрај тоа, Роберт ќе ја превземе и должноста Client Services Director за клучните клиенти во тој дел на Европа. Унапредувањето претставува признание за извонредната работа во текот на минатата година, посебно на проектот на Европската комисија под името “Welcome Croatia“.
Како што е познато, Grayling имплементираше кампања по повод влегувањето на Хрватска во Европската Унија во 27 земји од ЕУ и Хрватска со цел запознавање на граѓаните на ЕУ со најновиот член.
Роберт кариерата ја започна како новинар во ХТВ од каде што во 2006 година се приклучи во Grayling како стручњак за односи со медиуми.