Меѓународниот фестивал на креативноста White Square соопшти дека го продолжува на рокот за пријавување кампањи до 15 мај 2023 година.
Секоја година, агенции од 35+ земји во светот, вклучително Европа, САД, Кина, Блискиот Исток, Северна Африка, Евроазија, Источна Азија, Латинска Америка и други ги поднесуваат своите кампњаи за кои сметаат дека заслужуваат награди на фестивалот White Square.
Претставници на комуникациски, маркетинг, огласувачки, брендинг, дигитални и ПР агенции и дизајнерски студија се добредојдени да ги претстават своите извонредни проекти реализирани од 1 јануари 2022 година до 28 април 2023 година на меѓународната сцена.
Заинтересираните учесници можат да ги пријават своите проекти онлајн во 205 номинации во 8 категории:
CREATIVE
BRANDING
MARKETING SERVICES
DIGITAL
MEDIA
MARKETING EFFECTIVENESS
MASS MEDIA
CRAFT.
Фестивалот White Square, промовирајќи ја креативноста, високо ги цени свежите идеи и луѓето во адвертајзинг и креативната индустрија, ги споделува принципите на општествено одговорниот маркетинг, мирот и ги брани универзалните човечки вредности.
Жирито на White Square 2023 го застапуваат професионалци со меѓународно признание во адвертајзинг индустријата, бројни награди и искуство во оценување на престижни фестивали за креативност ширум светот. Четири меѓународни жири-состави ќе почнат да ги оценуваат пријавените прокети веќе на 17 мај.
Главните критериуми за оценување се креативноста на идејата, како и квалитетот на нејзината имплементација. Во некои натпревари, една од клучните точки е ефективноста на креативните решенија.
Победничките кампањи ќе бидат објавени на веб-страницата на фестивалот White Square и индустриските ресурси на повеќе од 30 земји ширум светот. Финалистите и наградените ќе добијат дипломи, а победниците – скапоцените статуетки кои ги потврдуваат професионалните достигнувања на авторите во сферата на креативноста.
Со цел пондесување на своите пријави, учесниците треба да се регистрираат на веб-страницата на фестивалот, да ја пополнат апликацијата, да поминат низ процесот на поднесување во т.н. „личен кабинет“ во избраните номинации.
Повеќе информации за номинациите и правилата за поднесување може да најдат на следниот линк.