Организацискиот одбор на меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum го продолжи рокот за пријавување во напреварувачкиот дел на фестивалот за уште две недели, односно до 4 септември 2024 година.
Оние кои сакаат да се натпреваруваат на Golden Drum можат да ги пријават своите креативни проекти кои биле емитувани, публикувани или имплементирани за прв пат помеѓу 22 август 2023 и 21 август 2024 година.
Сите агенции, огласувачи, клиенти, дизајнерски и продукциски куќи, медиумски компании и други креативци од 42 земји се поканети да учествуваат во шест различни натпреварувачки секции: One-Channel Drum, Omni-Channel Drum, Craft Drum, Creative Media Excellence Drum, Creative Business Excellence Drum, како и во специјалната All Juries Section.
Јубилејното 30. издание на фестивалот Golden Drum ќе се одржи на 9 и 10 октомври 2024 година во Порторож, Словенија.
Сите информации за фестивалот, начинот на пријавување и фестивалската програма можат да се најдат на следниот ЛИНК.