Швајцарскиот бренд за луксузни часовници Rolex се здружи со кинескиот производител на електроника Realme со цел лансирање на ограничена серија на паметниот телефон Realme 12 Pro.
Телефонот ќе се одликува со извонредна естетика инспирирана од часовниците на Rolex, за што се погрижил дизајнерот Оливие Савео, познат по својата посветеност на традиционалното швајцарско часовничарство. Дизајнот на новиот смартфон ќе се карактеризира со сина кожа и златни акценти. Од задната страна, по вертикала ќе се протега златна линија која пресекува кружно поле во кое ќе бидат сместени леќите на камерата, алудирајќи на часовниците на Rolex.
Што се однесува до техничките специфики, телефонот Realme 12 Pro+ Rolex Edition ќе има FHD+ OLED дисплеј од 6.7 инчи, со стапка на освежување од 120 Hz и осум-јадрен чипсет Snapdragon 7s Gen 2. Кемерата ќе има главен сензор од 4 MP, леќа со ултра широк агол од 50 MP и теле-фото камера од 8 MP. Модулот на камерата потенцијално ќе нуди зумирање до 120 пати. Телефонот ќе работи врз основа на оперативен систем Android.
Овој паметен телефон се очекува да биде лансира кон крајот на месецов. Иако Rolex е познат како луксузен бренд на часовници од висока класа, нивниот смартфон создаден во соработка со Realme ќе припаѓа на категоријата од среден ценовен опсег.