Со цел да не убеди во бројните измени на новиот iPhone 7 и нивната магична моќ , Apple штотуку го објави новиот спот под називот “Romeo and Juliet.”
Рекламата се однесува на познатиот пар на љубовници и одиграна е од деца …
Причината за ваквиот избор на главни протагонисти ќе ви биде јасна по првите 30 секунди.
Да, вие не се наоѓате во Верона, се работи само за училишна претстава.
Заклучокот на рекламата е следниот ”Вашите филмови изгледаат како филмови на iPhone 7″ и завршува со кампањскиот слоган на Apple: “чиста магија.”
“Чиста Магија” е кампања која го оттргнува притисокот од стилот на живеење за поседување на iPhone и се преселува во ново уметничко раскажување на приказни каде телефонот има улога при помагањето во креирањето на приказните од нашето секојдневие со цел да ги спакува за социјална “консумација”.
“Midnight,” исто така е одличен рекламен спот за iPhone 7 и се однесува на перформансите на телефонот за фотографирање со мала светлина исто така обрнувајќи внимание и на аспектот околу водоотпорноста на моделот.
“Balloons,” е колоритна приказна за експресивните способности за испраќање на пораки.