Брендот за спортска опрема Nike ја лансираше својата нова кампања за претстојното Светско фудбалско првенство, во која истражува кој би бил историски најдобриот фудбалски состав на играчи што досега биле спонзорирани од Nike?
Во централниот спот на кампањата, насловена “Footballverse” („Фудбалверзум“), гледаме тим од научници во тајна лабораторија во швајцарските Алпи кои веруваат дека ја откриле тајната како да создадат свет во кој фудбалски легенди од сегашноста и минатото можат да се натпреваруваат еден со друг.
Па така, како алузија на дигиталниот „метаверзум“, во рекламата ги гледаме меѓусебните фудбалски надмудрувања на „аватрите“ на повеќе ѕвезди како Кристијано Роналдо, Роналдо Назарио, Роналдињо, Килијан Мбапе, Едгар Давидс, Кевин Де Брујне и други.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Wieden + Kennedy.